(Рецепт) Вечера која топи сало: Ќе се изненадите од резултатите
Јадете го
ова наместо вообичаената вечера и ќе бидете изненадени од резултатите
Добро е познато дека вечерата треба да биде лесна
и да содржи помалку калории ако сакате да намалите од телесната тежина.
Најдовме рецепт кој ќе ве засити, а кој исто така има малку калории.
До сега, веројатно сте слушнале колку е добро чии
семето за организмот, како за здравјето, така и за одржување на линијата. Овие
семиња се полни со протеини, така што ќе ги негуваат вашите мускули и ќе ве
заситат. Циметот, кој исто така е дел од оваа вечера, помага во разградувањето
на масните наслаги, додека медот и бананите ќе додадат добар вкус.
Ако го завршите денот на овој начин, можете да
очекувате да изгубите вишок килограми и тоа многу брзо.
Потребни состојки:
- 2 лажици чиа семе
- 125 мл млеко
- 125 мл вода
- 1 лажичка мед
- 1 лажичка цимет
- 1 банана
Начин на подготовка:
Бананите изгмечете ги со вилушка, па потоа додајте ги останатите намирници. Измешајте
сè добро и оставете го во фрижидер најмалку еден час, семињата да набабрат.
Бон апетит!
(Рецепт) Ако сакате да изгубите тежина: Пијте секое утро лимонада со овој додаток!