Рецепт за домашен мајонез од ореви: Здрав и вкусен намаз по кој сите полудеа!

Лесно се прави и овозможува импровизација

Мајонезот дефинитивно не треба да биде дел од вашата секојдневна исхрана, а во потрага по поздрава алтернатива на овој омилен намаз, наидовме на поздрав рецепт.

Состојки:

1 шолја индиски ореви

неколку обични ореви

сок од лимон

3 лажици маслиново масло (или повеќе ако мислите дека е премногу густо)

¼ чаши вода

лажичка сенф

лажичка куркума

копар

сол и бибер по вкус


Подготовка:

Индиските ореви потопете ги во вода неколку часа. Или пократко, но оставете ја водата да биде топла. Исцедените индиски ореви ставете ги во блендер. Додадете сок од лимон, масло, сенф, вода, куркума и копар. Измешајте сè. Ако сакате оригинален изглед на мајонез, избегнете го копарот, иако дава одлична арома.

Пробајте и додадете сол и бибер по вкус или можеби повеќе сок од лимон. Можеби многу малку лук. Задолжително пробајте го прво, а потоа додадете ги разните зачини што ги сакате.

На здравје!


Извор: stil.kurir.rs

*ПР објава