Рецепт за Полска кремпита: Кремаст деликатес што е готов за час

Добивај вести на Viber

Фото: Shutterstock

Овој специјалитет го должи своето име на Карпатите, планински венец што се протега на југот на Полска, чиј изглед имитира брановидно тесто. Шеќерот во прав со кој се посипува колачот потсетува на врвови покриени со снег.

Состојки:

125 гр путер

1 чаша брашно

1 чаша вода

5 јајца

Состојки за филот:

450 мл млеко

2 лажици шеќер

1 ванилин шеќер

3 лажички скроб

1 лажичка екстракт од ванила

1 лажица путер


Подготовка:

Загрејте ја водата, додадете го путерот и кога ќе зоврие тргнете ја тавата од оган. Полека додавајте го брашното со постојано мешање со жица за матење за да не се формираат грутчиња.

Кога тестото малку ќе се олади, постепено додавајте ги јајцата едно по едно, мешајќи или со миксер додека не добиете сјајно тесто.

Поделете го тестото на два дела. Првата половина распоредете ја во плех обложен со хартија за печење. Не го измазнувајте за да добиете препознатлив изглед. Се пече на 190 степени околу 25 минути, па се пече втората кора. Оставете ги добро да се изладат.

Одделете неколку лажици млеко и сварете го остатокот. Скробот, шеќерот и ванилиниот шеќер измешајте ги со одвоеното млеко и сè заедно измешајте. Истурете го остатокот од зовриеното млеко, мешајте со жица додека не се згусне, а потоа додадете го екстрактот од ванила.

Тавата со филот ставете ја во поголема, наполнета со ладна вода, за побрзо да се излади. Кога ќе се олади, додадете го путерот и сè добро измешајте.

На првата кора премачкајте го филот, покријте со втората и оставете го во фрижидер. По желба посипете со шеќер во прав пред сервирање.

Пријатно!

Извор: stil.kurir.rs

*пр-објава