Решила за шест месеци да ослабе по секоја цена: Успеала да симне 40kg, но со страшни последици
Цел живот била на јо-јо диети, а потоа решила да се обиде посериозно. Успеа во тоа, но последиците не се ни малку наивни.
Тери Кит (30) од Белфаст успеала од конфекциски број 44 да влезе во 34 за само шест месеци, но тоа драматично слабеење довело до страшни последици - 10 месеци била нема поради огромниот стрес кој го предизвикала на телото од опасната неухранетост.
- Телото почна да ми се гаси. Едно утро се разбудив и не можев да пуштам глас. Морав да одам на логопед, а сето тоа се сведе на исцрпување на телото и умот од толку нагло слабеење. Тоа ме исплаши – изјави за медиумите оваа жена.
Се започна, вели таа, пред четири години. Доста ѝ било од јо-јо диети и килограми кои постојано се враќаат. Таа вовела застрашувачки ограничувања во исхраната, одела во теретана и ангажирала приватен тренер. Така таа од 90 килограми за шест месеци паднала на точно 50.
- Не внесував доволно храна во телото, особено во однос на интензитетот со кој вежбав. Косата ми паѓаше и имав потешкотии да зборувам се' додека еден ден не останав без зборови - вели Тери и додава дека дури после таа страшна епизода всушност почнала да дознава за правилната исхрана.
- Сега знам дека килограми не се губат со такви рестриктивни диети. Потребна е промена на животниот стил, и тоа долгорочно – вели таа.
Неколку месеци откако се опоравила, отишла во теретана и нашла нов тренер кој се фокусирал на градење мускули наместо на топење масти. И се' се стопило освен нејзиниот стомак кој страшно ја иритирал. Вели дека стомакот ѝ бил страшно надуен и болен, а лекарите ѝ кажале дека се работи за синдром на нервозни црева. Се обидела да ги среди работите со диета и суплементи, но ништо од тоа.
Потоа во 2015 година заминала на одмор, од кој се вратила само неколку дена подоцна поради страшни стомачни болки. Дури тогаш дознала дека всушност боледува од улцеративен колитис. Лекарите ѝ рекле дека веројатно никогаш повеќе нема да може да вежба со тој интензитет, но истражувала за исхраната и суплементите кои би ѝ помогнале, а осум месеци по дијагнозата повторно била во теретана.
Таа сега е успешна бодибилдерка која освојува медали на меѓународни натпревари, а вели дека конечно го нашла клучот за умереност.
извор:dailymail.co.uk