Ретко се појавува во јавноста: Ова е убавата Маја, сопруга на Жељко Самарџиќ

Иако ретко се појавува во медиуми, Жељко Самарџиќ и неговата Маја ја изненадија јавноста со своето последно појавување!

Популарниот пејач Жељко Самарџиќ по три месеци ја напушти Црна Гора, каде престојуваше со својата сопруга Маја, која ретко можеме да ја видиме во јавноста.

„Само што се спакував, заминувам за Белград со сопругата Маја по три месеци на море. Ни недостигаат пријателите", рече Жељко.

Маја изгледа прекрасно и без грам шминка.

Пејачот истакна дека се придржувал до сите пропишани мерки поради коронавирусот, па откри како бил на одмор:

„Беше прекрасно на море, имаше малку дожд, денес е сончево... Јас сум љубител на морето, сакам риболов, дружење со рибари, можно е повторно да се вратам во Котор затоа што е сезона на риболов. Го сакам и Белград, едвај чекам да одам“, рече тој во „Премиера“.

Тој и неговата сопруга се во среќен брак со децении, но тој еднаш призна дека ништо не е совршено, па ни нивниот брак иако успеаја да опстанат.

„Јас и Маја пловевме и уживавме во тоа брачно пристаниште со децении, иако морето не беше секогаш љубезно кон нас. Имаше и бури, но за среќа, благодарение на добрата навигација, но пред се на љубовта и разбирањето, од кои е направен нашиот брод, ги издржа сите предизвици овие години“, изјави пејачот за Story во една прилика.

извор:glossy.espreso.rs

-Ќерката на Жељко Самарџиќ има снимено албум: Еве како изгледа и пее
-Да не беше Тоше, немаше да одржам концерт пред 20.000 публика: Самарџиќ за пријателството со Проески