РЕВОЛУЦИЈАТА НА DIOR - Ultra Rouge
Ultra Rouge е еден од оние моменти кога се случува изненадувачка револуција која ги поместува сите граници кои досега сме ги знаеле: тоа е првиот кармин кој се носи како мастило што дава чувство на удобност.
Револуцијата на Dior
Долготрајна текстура, жестоки бои: „Фантазија од кармин која што станува реалност. 'Облечете' ги усните како вистински уметник на кој платното каде што твори му носи слава – вели Peter Philips, креативниот директор на Dior.
Заради љубовта кон црвената боја, тој ја збогати оваа прекрасна колекција со иновативна креација. Оригинален кармин за новата генерација.
Под негово водство, лабораториите ги поместија границите на формулацијата, така што благодарение на истражувачкиот процес тие дојдоа до креативно решение на нов концепт за кармин.
Ultra Rouge е еден од оние моменти кога се случува изненадувачка револуција која ги поместува сите граници кои досега сме ги знаеле: тоа е првиот кармин кој се носи како мастило што дава чувство на удобност.
Едноставна идеја која лежи зад комплексна иновација со повеќе доблести, вклучува со сјајни бои со полу - мат финиш, неверојатна сензорност и хидратација за кармин кој може да се носи 12 часа.
Раѓањето на карминот
Што сакаат жените од еден кармин? - прашува Peter Philips.
"Сè". Денес тие се навикнати на високо-пигментни кармини кои траат, дури и ако тоа значи помалку удобност. Во меѓувреме, на другиот крај од спектарот тие сакаат лесен кармин која нема да го чувствуваат на себе, а ќе бидат забележани“.
Ultra Rouge го затвора кругот и обезбедува поинакво искуство за секоја жена која ја сака магијата на шминката, удобноста при носење и софистицираност.
Dior ги поттикнуваат своите истражувачки тимови да ја комбинираат желбата за блескави бои со потребата за долготрајност.
„Сакавме да одиме чекор понатаму и да ги комбинираме двете вечни спротивности на моќ и удобност. Благодарение на долгогодишните истражувања и деталните научни студии, успеавме да ги идентификуваме полимерите, кои во комбинација со растително масло, нудат удобност и длабока хидратација после 12 часа, без затeгнување и сушење“ - објаснува Brigitte Noé, директор на лабораториите за формулација.
Соочен со можностите кои постојат, Peter Philips создава ода кон црвената боја. Заситена, полу-мат боја која зрачи, екстремни и чисти нијанси во 4 бои, кои оставаат силен впечаток.
999 Ultra Dior – Никогаш не можете да бидете преголема дама.
770 Ultra Love – Верувајте во себе, ако Вие не го правите тоа, тогаш кој?
851 Ultra Shock – Подобро да бидете шокнатнни, отколку здодевни.
777 Ultra Star – Сите ние сме ѕвезди, нели?
Покрај прекрасните црвени нијанси, се издвојуваат и две други кои можат да се носат засебно или во комбинација со други нијанси, а сепак да остават силен впечаток.
111 Ultra Night 47 – чиста бела боја за да ја неутрализрира интензивноста на боите или пак да ја нагласи убавината на усните.
000 Ultra Light 47 - чиста бела боја за да ја неутрализира бојата на вашата природна усна или да омекне друга нијанса.
Dior Rouge Ink Lip Liner
Одејќи уште еден чекор понатаму кога станува збор за креативноста и експертизата околу боите, Dior создава колекција за совршени усни - Dior Rouge Ink Lip Liner, прва линија течни кармини во 12 нијанси.
Нивната прва одлика е високото ниво на прецизност кое овозможува совршена дефиниција. Имаат одлична пигментација, интензивност и долготрајност до 12 часа.
Dior Vernis
Инспирирани од новиот Dior универзум, од креативниот тим создаваат 4 нови нијанси на лак за нокти : Rouge 999, Rouge en Diable 851, Love 770, Star 777.
Ultra Woman. Ultra Dior.
Natalie Portman ги отелотворува вредностите на Dior од современата мода и денешната женственост во кампањата за Ultra Rouge предводена од Peter Philips. Фотографијата е на David Sims, додека режијата е на David Sims, кои го доловуваат целиот магнетизам, моќ и личност на Portman.
Peter Philips во една реченица ја сумира кампањата вака: „Таа постојано глуми, а сепак овие фотографии ја рефлектираат нејзината самодоверба, сензуалност и животна радост “.