Родените во овој хороскопски знак се бескраен извор на нови идеи

Водолијата е управувана од Уран – планетата на оригиналноста, мудроста и целосната слобода.  Родените во овој знак се бескраен извор на нови и оригинални идеи.

Вие им давате животворна течност на блиските, а пријателствата се многу важен аспект од вашиот живот. Најдобрата ваша карактеристика е тоа што можете да се спријателите со секој, па затоа имате голем број пријатели. Најсреќни сте кога сте заобиколени од необични луѓе со нестандардни идеи.

Работите упорно и енергично за да ги распространите вашите идеи, особено кога тие имаат некаква хуманитарна цел. Вие секогаш знаете како да го најдете идеалното решение за секој проблем. Различни сте од толпата и може да бидете многу добар лидер.

Пацифисти сте, но многу сте жестоки кога луѓето не го споделуваат вашето мислење. Многу лесно го губите трпението и сте непредвидливи.

Ултра модерни сте и секогаш облечени по најнова мода. Како воздушен знак вие на секој предизвик одговарате интелектуално, а не физички и емоционално. Својот интелект го покажувате преку искажување на своето мислење или преку дискусии.

Во љубовната врска сте нестабилни, не се приврзувате за партнерот и поради тоа не сте љубоморни. Водолијата е спротивен знак од лавот. Додека лавот се концентрира на личното задоволство, водолијата работи за хуманитарни цели. Поради влијанието на Уран имате силно развиена интуиција, која ви дава поглед кон иднината. Со тоа можете да направите другите да ја гледаат сегашноста на различен начин и сте големи иноватори.