„Росалинда“ боледувала од тешка болест и имала спонтани абортуси: Денес полни 50 години и изгледа подобро од било кога

Мексиканската актерка и пејачка Талија, која на нашите простори е позната како Росалинда од познатата мексиканска тевеновела, која беше хит во раните 2000 -ти години, денес полни 50 години!

„Росалинда“ беше една од најпопуларните латиноамерикански сапуници во оваа област, а Талија го толкуваше ликот на убава млада девојка која работи во цвеќарницата на Дон Флорентино, и за која љубовта беше поважна од парите и материјалните работи. Таа е приврзана за своето семејство, а особено за нејзината мајка Долорес, која всушност е нејзина тетка.

Преку бројни епизоди, многумина со посебно внимание ја следеа нејзината врска со Фернандо Хозе, како и нејзиниот пат од цвеќарница до популарна и богата пејачка.

Во септември 2002 година, познатата пејачка беше во посебен фокус на јавноста кога нејзините сестри Лаура Запата и Ернестина Соди беа киднапирани во Мексико. Запата беше ослободена 18 дена по киднапирањето, а нејзината сестра Ернестина беше ослободена по 36 -от ден. Честопати била во конфликт со нејзината постара сестра Лаура Запата, во една прилика таа рекла дека нејзините семејни проблеми со нејзината сестра биле „само темен облак на светлото небо“.

Во текот на 2008 година, таа објави дека боледува од Лајмска болест, што ја спречи да го промовира својот албум „Лунада“, но тоа ја мотивираше да ја промени животната перспектива.

Таа, пишуваше за својата здравствена состојба во својата автобиографија: „Се потев многу, ги натопував пижамите, чаршафите, па дури и душекот, се ме болеше, дури и косата почна да ми паѓа. Понекогаш чувствував дека главата ќе ми пукне, како да имаше олово во неа, очите ме болеа... хиперсензитивноста на мојата кожа беше толку голема што понекогаш не можев ни да ја поднесам постелнината “.

Во една прилика, таа исто така раскажа како имала неколку спонтани абортуси што ѝ предизвикале депресија и дека ова се некои од најтешките моменти во нејзиниот живот.

Од 2000та година, е во брак со музичкиот продуцент Томи Мотол, кој е дваесет години постар од неа, и двојката има две деца, ќерка Сабрина Сакае и син Мајо Алехандро. 


 
Пред бракот со неа, Томи беше оженет со големата sвезда, Мараја Кери, 

Таа неодамна сподели фотографии и од нивниот нов член на семејството на Инстаграм. Парот е познат по љбовта кон животните и често споделуваат слики од своите миленици на социјалните мрежи.



„Наместо да излегувам за време на викендите, претпочитам да ја поминам вечерта дома со моите крзнени пријатели со добар филм!“, рече Талија во една прилика.

Меѓутоа, она што е фасцинантно е што оваа мексиканска sвезда полни педесет години, и не можеме а да не забележиме дека изгледа како да има само дваесет и пет години.


Насмеана, младолика и блескава, популарната Росалинда не престанува да зачудува!

извор:zena.blic.rs