Румор во Скопје го отвори новото јадро на високата мода
Румор го достигна своето надополнето и надградено ниво на старата локација каде што се одржа и самиот PopUp. На ул. Наум Наумовски Борче во близина на Sushi Co, Mad Kitchen, 7 грама еспресо и Coffee Factory е јадрото на идејата дека модата може повторно да биде дел од развојот на домашниот талент. Воедно, ова ќе биде и конечната локација на самото концепт студио.
Голем број на ексклузивни гости го посетија пред-отворањето на Румор и уживаа во уникатната атмосфера создадена од музиката која го отсликува модерниот моден тренд, street-fashion доведен на ниво на висока мода. Тоа што фановите може да го забележат ќе биде константен дел од македонската сцена. Секое парче од колекциите го привлекува вниманието на тие кои се подготвени целосно да се впуштат во откривањето на нови димензии од нивниот идентитет. Секоја колекција е „ниш“ приказна со посебен артизански допир.
Во самото студио покрај Румор колекцијата може да се најдат и најпопуларните парчиња од Ристо, Монографи, СЕВ и други. Следбениците на Румор ќе ги откријат модните насоки од новата сезона кои се прилагодени за македонскиот пазар.
Сопствениците сакаат да го пренесат своето модно искуство од нивните соработки со Луи Витон, Кензо, Ралф Лорен, Роберт Грахам и други. Ова им овозможува да ги отворат своите безвременски колекционерски архиви за продажба. Така Румор ќе ја засити потребата за оригинални и уникатни брендови во Македонија, создавајќи простор за модата да тлее константно. Дел од овие архиви се веќе резервирани.
Румор колекцијата на машки обувки ќе оствари посебен досег, а истиот ќе биде продолжен и од колекциите на Феручи и Соња Рикел.
Духот на развојот на македонската мода останува со Румор преку соработката со млади македонски таленти како Фарина од Струга и Есма Казим од Охрид. За да ја задоволи својата љубопитност Румор е и понатаму во потрага по нови и млади македонски артизани...