„Само една лажица од оваа намирница дневно може да го намали високиот притисок и да ја подобри меморијата“: Доктор Мозли е сигурен во тоа
Фото: youtube printscreen
Д-р Мајкл Мозли цврсто верува дека само една лажица од ова масло може да го намали високиот крвен притисок и да ја подобри меморијата
Гуруто во исхраната д-р Мајкл Мозили е светски познат по своите диети кои ја воодушевија јавноста.
Овој пат д-р Мозли зборува за придобивките од маслиновото масло. Тој се залага сите да консумираме по 1 лажица маслиново масло дневно, што според него е „камен-темелник“ на медитеранската исхрана, која е надалеку позната како најздрав начин на исхрана.
„Маслиновото масло е исто така богато со нешто што се нарекува олеинска киселина, која, заедно со полифенолите, може да објасни зошто добар дневен внес на маслиново масло може да го намали воспалението, да ја подобри нашата меморија и да го намали крвниот притисок.
Осврнувајќи се на убедливото истражување, д-р Мозли истакна: „Во една неодамнешна шпанска студија во која учествуваа над 12.000 луѓе, истражувачите открија дека оние кои консумираат лажица и пол маслиново масло дневно имале половина помал ризик да умрат од кардиоваскуларни болести, што е импресивно.“
Оваа поврзаност беше пронајдена само кај оние кои консумираат екстра девствено маслиново масло, а не рафинирано или обично маслиново масло. Од друга страна, студија од 2020-та година покажа дека консумирањето маслиново масло во која било форма го намалува крвниот притисок, иако екстра девственото има поголем ефект.
Студијата во која учествувале 25 постари возрасни лица со благи проблеми со меморијата покажа дека дневната доза од 30 ml - околу две лажици - екстра девствено маслиново масло ја подобрува меморијата.
„Дневната доза на маслиново масло може да го намали и хроничното воспаление, кое е поврзано со деменција.“
Д-р Бил Мулен од Универзитетот во Глазгов објасни: „Главната компонента на маслиновото масло е олеинската киселина и таа е една од овие омега девет масни киселини. Олеинската киселина секако е познато дека има антиинфламаторни ефекти, а ние сме прилично сигурни дека многу од овие хронични болести започнуваат со воспаление“.
Извор: stil.kurir.rs