САМО СО ВАКЦИНАЦИЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОСТИГНЕ КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ: Ефективноста на вакцините против заразување сега е 20%, штитат само од тешка форма на болеста
Професорот од Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски, во неговата последна објава на Фејсбук посочува дека само со вакциниорање против коронба вирусот не може да се постигне потребниот колективен имунитет. Вели дека според последните истражувања, ефективноста на вакцината против заразување е само 20 проценти и дека пред се вакцините се моментално средство само против тешка форма на болеста..
-Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на САРС КоВ 2“. Ова е реченицата што МЗ секојдневно ја вергла преку медиумите, како расипана грамофонска плоча. Изгледа како да немаат пристап до најновите информации (или пак воопшто ништо не читаат) дека ефективноста на вакцините против заразување, која е предуслов за постигнување колективен имунитет, со текот на времето опаѓа. Моментално истата изнесува одвај околу 20%, односно ни теоретски, ни практично, само со вакцинација не може да се постигне колективен имунитет. Што се однесува до мутациите, штом некој може да се зарази и да го реплицира вирусот, можни се и мутации, па отпаѓа и вториот дел од тврдењето. Вакцините се, пред сé, средство за заштита од тешка форма на болеста (време е да ја сменат плочата). Повеќе информации прочитајте на Фактор.мк
Фото: Фактор.мк