Сандра е најбогатата Србинка! Еве како го запознала Андреј, кој ѝ ја приреди најскапата венчавка на векот! (ФОТО)

Бајката на Андреј и Сандра Мелниченко трае долги 19 години. Сето тоа време славната двојка љубоморно ја чуваше својата љубов од очите на јавноста, а на прстите од едната рака може да се изброи колку пати давале интервјуа во кои зборувале за својата врска.

Сепак, колку емоциите меѓу нив биле и остануваат силни сведочи повеќе од џентлменскиот гест на рускиот олигарх кој решил целото богатство да и го пренесе на сопругата на својот 50-ти роденден. Сандра сега е сопственик на најголемите светски компании за производство на јаглен и ѓубрива. Така, оваа Србинка стана најмладата богаташка меѓу десетте најбогати жени во светот - на листата на магазинот „Форбс“ го зазеде осмото место.

View this post on Instagram

A post shared by KAMAL (@kamal_lahmadi)



Инаку, многу е интересно што нивната приказна започна како и милиони други - се запознале преку заеднички пријатели. Имено, згодниот Русин дошол на гости кај пријател, чија девојка била во друштво на неговата пријателка Сандра, а останатото е историја.

Пред да се впушти во врска со Андреј, Сандра била поврзана со многу познати мажи, како Марко Јариќ и еден од музичарите од групата „Тап 011“. Меѓутоа, никој немал шанса кога го запознала рускиот заводник.

View this post on Instagram

A post shared by VladimirSimic1 (@vladimirsimic1)



Емоциите растеле од ден на ден, а на 3 септември 2005 година го кажаа судбоносното „да“ на Азурниот брег во дрвен белведер инспириран од обликот на православната црква. Невестата блесна во волшебна венчаница со потпис на Вера Ванг, а нејзиниот прстен и обетки беа изработени од дијаманти од дваесет и четири карти.

Нивната венчавка се смета за една од најекстравагантните и најскапите во историјата и е веднаш по свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Андреј Мелниченко на прославата потроши дури три милиони фунти, а на гламурозната тридневна прослава, избраните гости ги забавуваа Кристина Агилера, Хулио Иглесијас и Витни Хјустон.

- Не знам дали имав среќа или е така во секој брак, но јас и Андреј се согласуваме толку добро што не ни треба да правиме компромиси. Практично, ништо не ни се промени откако се венчавме. Се запознавме и се забавувавме, во вистинска смисла на зборот. Изгледа си играме брак. Големата вистина е дека среќата не се купува со пари. Мислам дека е здраво да се караш одвреме-навреме, но со Андреј е речиси невозможно. Толку е смирен што имам впечаток дека би се насмеал дури и кога ќе почнам да врескам - рекла еднаш Сандра.



Таа истакна дека она што ги спојува нејзиниот сопруг и неа е тоа што имаат сличен вкус во секој поглед.

- Имаме многу сличен вкус во сите сегменти - од гардероба до ентериер. Една недела пред Андреј да ми го даде свршеничкиот прстен, го погледнав и си помислив: „Навистина би сакала да го имам“. Тој тогаш не беше со мене, ниту му го спомнав, а во цела Москва го избра него. Просто е неверојатно – открила таа пред неколку години.

View this post on Instagram

A post shared by Luxuryl Yachts |Mindset (@pinkyachts)



Андреј и таа имаа две деца, а нивната ќерка Тара, која се роди во Ница на 29 мај 2012 година, една година подоцна ја крстија на Карибите.

Во април 2017 година, Сандра и Андреј Мелниченко по втор пат станаа родители на нивниот син Адријан, кој го крстија кога тој имаше само шест месеци на луксузна прослава во Москва пред околу двесте гости, а најсреќна беше нивната најстара мезимица Тара.


Фото: Instagram Printscreen