Сара Мејс ќе ја претставува Македонија на Светскиот ден на харфата заедно со најдобрите харфисти од светот
На 20 октомври оваа година по
повод Светскиот ден на харфата, а во рамките на одбележувањето 300 години од
создавањето на харфата, ќе се одржи онлајн концерт, каде што со свои настапи и
дела ќе се претстават најдобрите харфисти од светот. Главната цел на овој
настан е да се создаде плодна почва за културолошки дијалог преку уметноста,
која е потсетник за мирот и единственото на сите држави. Целта на
овогодинешните изведувачи и композитори пак, е да си ги претстават своите земји
преку вметнување на својата традиција во делата кои ги изведуваат и на тој начин
да го запознаат светот со својот фолклор. Претставник од Македонија ќе биде
нашата харфистка, композитор и пеачка, Сара Мејс под покровителство на Okxsa
projects Скопје.
„Многу сум среќна што ќе настапувам на „Светскиот ден на харфата“ и ќе ја претставувам Македонија. Инспирирана од нашата македонска песна „Се посврши Сербез Донка“, напишав дело кое што го нареков „Donka of Macedonia“. Им благодарам многу на Okxsa Projects што ме избраа мене да ја претставувам мојата Македонија и што ме поддржаа во мојата работа“, напиша Сара Мејс на својот Instagram профил.
Инаку од самиот настап на Сара Мејс, ќе излезе и спот за песната, кој се изработи за време на снимањето на песната во студио.
Okxsa projects Скопје е Европска Асоцијација за интеракција и соработка во полето на образованието, културата и спортот и е платформа за културни и иновативни проекти.
Целите на Okxsa projects Скопје се да се промовира македонската култура надвор од нејзините граници и да се зголеми поддршката на талентираните млади уметници насекаде низ светот, како и да се поддржи хуманата страна на човештвото.
Иницијатор на проектот е Александар Болдачев, руско-швајцарски харфист, композитор, наставник, гостин солист на Бољшој Театар, добитник на неколку интернационални награди, основач и генерален продуцент на „Фестивал на харфата Цирих“.
Во 1720 година, европскиот производител на харфа Јакоб Хохбрукер, го измисли механизмот за педали. Ова е значаен ден во историјата на харфата, што ја носи Concert Grand Harp на сцената. Различни видови на прототип на рана-харфа можат да се најдат низ историјата на повеќе земји. Овие инструменти длабоко го покажуваат уникатниот идентитет на секоја култура. Сепак, нашите заеднички квалитети треба да предизвикаат чувство на поврзаност и хармонија што ќе ги потсети сите на важноста за градење општество без стереотипи, каде што ниту музиката ниту луѓето не се ограничени во самоизразувањето.
Главната цел на Светскиот ден на харфата е да се создаде плодна почва за културен дијалог: Оваа нова традиција ќе стане потсетник на мирот и единството на сите земји и извор на инспирација за развој на харфата како дипломатски симбол на уметност, здравје и солидарност покрај тоа што е прекрасен музички инструмент.
Повеќе информации за концертот и настапите можете да прочитате на www.worldharpday.com.
Комерцијален текст