Сѐ е толку магично: Јелена Карлеуша ја покажа празничната магија во нејзиниот дом

Пејачката на својот Инстаграм профил објави видео во кое покажа како го украсила домот за претстојните празници...

Јелена Карлеуша секоја година ги воодушевува своите следбеници со новогодишната атмосфера во својот одм, а тоа го направи и овој пат.

Имено, пејачката на својот Инстаграм профил објави видео во кое прикажа како ја има украсено куќата за претстојните празници.

Во нејзиниот дом сѐ е како од бајка. Елката ја има украсено со разни украси, мечиња, ирваси, а деталите се во златна, сребрена, но и розово - златна боја.

На сето тоа, пејачката ставила и ефект со снегулки и ја потполни целата магична атмосфера.

View this post on Instagram

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

„Сѐ е толку магично“, „Ова е како во рај“, „Секогаш со стил“, „Рај за очи“, „Навистина е прекрасно“, „Секоја чест, преубаво е“ - се само некои од коментарите под видеото.