Се извлече од зависноста, ослабе 40 кг и сега ги сподели најрадосните вести: Кели Озборн ќе стане мајка

Популарната кантавторка во изминатите години неколку пати ги воодушеви обожавателите, а сега има посебна вест.

Музичарката Кели Озборн, ќерката на легендарниот рокер Ози Озборн, објави дека е бремена.

„Знам дека бев многу тивка последните неколку месеци, па помислив да споделам зошто со сите вас“, напиша Кели покрај селфито каде позира додека држи скен од ултразвук.
- Пресреќна сум што можам да ви кажам дека ќе станам мајка. Не можам да ви опишам колку сум среќна. Воодушевена сум!

View this post on Instagram

A post shared by Kelly Osbourne (@kellyosbourne)


Кели, инаку, пред три месеци потврди дека е во врска со диџеј ѕвездата Сид Вилсон, кој ѝ беше пријател 23 години, а потоа започнаа љубовна врска. Како што неодамна истакна, сфатила дека Сид ѝ е сродна душа и дека благодарение на него го „подобрила“ својот живот.

View this post on Instagram

A post shared by Kelly Osbourne (@kellyosbourne)


Кели навистина имаше неколку тешки моменти во животот, кои ги помина речиси пред камера од самото раѓање. Поради честите турнеи на нејзиниот татко во групата на Ози Блек Сабат, Кели го поминала поголемиот дел од своето детство во хотели со своето семејство, а пороците што ја опкружувале ја заробиле и неа.

Често, како и нејзиниот татко, била под дејство на наркотици и алкохол, имаше неколку неуспешни музички проекти, а и покрај сите нејзини напори - повеќето ја знаат како учесничка во реалното шоу на семејството Озборн и учество во програмата Fashion Police.

View this post on Instagram

A post shared by Kelly Osbourne (@kellyosbourne)


Покрај сите проблеми кои ги имаше Кели, таа уште од детството се бореше со вишокот килограми, а пред две години по долга пауза се појави во јавноста и покажа дека ослабела 40 килограми.

„Научив како да вежбам и да се хранам правилно, тоа е една од работите до кои треба да се држите цел живот наместо да држите диета“, изјави Кели во една прилика за Хафингтон пост.

Кели Озборн, својот постепен пат кон слабеење го започна уште во 2009 година, кога учествуваше на натпреварот „Танц со ѕвездите“. Сепак, најмногу килограми загуби во 2012 година, кога стана веганка. 

извор:GLOSSY