Се огласи Гиш: Иднината ја гледам во Европа
Популарниот македонски поет, есеист и естраден уметник, Сашо Гигов Гиш, денеска се огласи откако пред два дена стана топ-тема во медиумите кога на јутјуб беше промовирана наменската песна за поддршка на референдумот во која и тој учествува.
- Ми се јави мојот драг пријател, пејачот Арбен - Бени Шаќири и ме праша дали сакам да учествувам во спотот. Ми ја пушти песната. Ми се допадна и прифатив. Како секој нормален човек, иднината на Македонија ја гледам во Европа, изјави пејачот за „Независен“.
Познатиот уметник кој учествуваше во речиси сите поголеми кампањи на претходната владејачка гарнитура сега прифати да пее за европска Македонија.Во музичкиот спот каде повеќе македонски пејачи и актери порачуваат дека е време за мудар избор, освен Гиш партиципираше и Владо Јаневски кој исто така претходно беше редовен избор на ВМРО ДПМНЕ за нивните собири. Во пректот се вклучени и сестрите Тијана Дапчевиќ и Тамара Тодевска, Бени Шаќири, Виолета Томовска, Ѓоко Танески, поранешниот директор на МНТ, Драган Спасов-Дац, Дани, Викторија Лоба, надворешниот осветник на Владата, Бубо Каров, Дарио, Кристина Арнаудова, Александар Митевски..