Се омажив за 25 постар маж и посреќна сум од оние кои се омажиле за врсници поради оваа причина

Џенифер работи во ПР агенција. Живее со сопругот со кој е од свои 18 години. Во исповед за „Little Things“ спомена пет причини за тоа како бракот со 25-години постар маж ја направил подобра.

„Скоро шест години сум во брак со маж кој е 25 години постар од мене, нашата разлика во години може да влијае на нашиот музички избор, но никако не влијае на нашите дискусии, лични цели или љубов и восхит еден кон друг. Имам 28 години и не можам да замислам врска со никој друг освен со мојата 53-годишен сопруг, на кој во многу наврати му имаат кажано дека личи на Били Џоел.

Еве како мојот брак со постар маж ме направи подобра личност…

1. Слушам повеќе

Мојот сопруг имаше многу диви години пред мене (на пример, му се урна куќата кога беше дете, лудо време поминуваше во бенд, а тука е и трагичната смрт на неговата четиригодишна ќерка во пожар) , па научив да бидам трпелива и да слушам. Слушањето на животните искуства на мојот сопруг, и позитивни и негативни, ми помогна да носам лични одлуки.

2. Поотворена сум

Да, односите меѓу помладите жени и постарите мажи се многу почести отколку обратно, но тоа не ги прави помалку табу. Кога Том и јас првпат се запознавме, имав само 18 години и бев крајно несигурна во мојата нова врска. Сигурно не сакав моите врсници да ме осудуваат, мислејќи дека „мојот партнер може да ми биде татко“, дека е „чуден“ или „одвратен“ или да се прашувам дали моето момче поминало низ средовечна криза. Напамет научив дека се однесувам со другите онака како што би сакал тие да се однесуваат со мене.

3. Партнерот ме направи помудара

Нашата врска полека напредуваше од поглед настрана и интелектуален разговор за време на ручекот до долги бакнежи и страсни прегратки за време на попладневните часови поминати во кревет. За разлика од помладите мажи, моето искуство со сопругот беше повеќе за нас двајца отколку само за него и неговите желби. Можеби како добро вино, мажите се подобруваат со возраста.

4. Ми помага да уживам во моментот

Мојот сопруг постојано ме учи да уживам во моментот во кој се наоѓам наместо да се фокусирам на иднината. Денешното општество можеби се фокусира на достигнувања и титули, но благодарение на мојот сопруг, тој начин на размислување повеќе не ми одговара. Ме потсетува дека не сакам да си го трошам животот, затоа што додека трепнам ќе бидам на негова возраст.

5. Научив да го следам своето срце

И покрај тоа што другите ни велеа дека разликата во годините ќе не раздели, јас и мојот сопруг дознавме дека тие 25 години разлика нè зближија повеќе отколку што некој, вклучително и нас, можеше да замисли. Од самиот почеток знаевме дека нашата љубов е вистинска и не дозволувавме никој да влијае на нашата врска. Сфаќате дека е многу важно да се живее за себе, но често го забораваме тоа. Мојата врска секој ден суптилно ме потсетува на таа вистина.

Односите со разлики во годините може да се стригматизираат, но мојот постар партнер ме научи толку многу за животот и љубовта. Ако сте во врска со некој постар од вас, не се откажувајте - ќе научите толку многу, а вашиот живот со партнерот ќе биде вреден за вашето време“.


Фото: Профимедиа