Се породи водителката Ана: Пејачот Стефан стана татко на ќеркичка

Русокосата водителка Ана Николовска стана мајка, а пејачот Стефан Величковски татко.

Среќната вест на социјалните мрежи ја споделија двајцата новопечени родители.


„Ми се роди ќерка. Од денес сум најсреќниот татко на светот. Нашиот сон стана реалност. Ве сакам премногу принцези мои“ - напиша на Инстаграм Стефан.

Македонскиот пејач Величковски на естрадата се прослави по своето учество во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Тој настапи во две сезони, а во последнава се откажа. Активен е на социјалните мрежи

Стефан за сопруга ја побара Ана сред Истанбул, на Босфор.