Сѐ се менува за овие 3 хороскопски знаци: Еве кој ќе го наполни паричникот, кој ќе го среди љубовниот живот, а кој ќе се разочара

Добивај вести на Viber

Според астролозите, од полната месечина на 21 јули животот се менува на подобро за три хороскопски знаци.

Вчерашната полна месечина носи промена за сите знаци - ќе го почувствуваат нејзиното влијание, ќе го променат животот, велат астролозите. Еве кои се тие:

Риби

Полната месечина многу ќе влијае на вашите односи со луѓето. Ќе ги преиспитате поранешните љубовни врски, потенцијалните партнери, пријателствата. Можеби ќе дојдете до некои болни заклучоци и ќе ставите крај на некои врски. Ќе откриете дека една личност не е онаква каква што мислевте дека е и ги нема намерите што се надевавте дека ќе ги има. Ќе вложите многу енергија во негување на врски кои го заслужуваат вашето внимание и време. Слушајте го своето срце, но не го игнорирајте и вашиот разум. Прифатете ги промените што ве очекуваат, бидејќи тие ќе ве доведат до подобри односи.

Рак

Ве очекува значајна пресвртница на работа. Можеби ќе добиете унапредување или покачување, но дефинитивно сте го заработиле со напорна работа и труд. Можеби сакате драстична промена, но не е време за вакви потези, иако ќе чувствувате дека сте ги надминале моменталните околности и дека заслужувате повеќе. Оние кои живеат со своите родители можат да станат независни и да започнат живот сами или со партнер. Зафатените луѓе ќе сакаат да разговараат со партнерот за проблемот што го имаат и тоа ќе ги зближи. Доколку сте слободни, ќе имате можност за нова врска.


Следна страна