Се топам кога ми се смееш: Софија Милошевиќ му посвети најубава роденденска честитка на синчето Алексеј
Софија пред точно две години во Мадрид го роди нејзиното прво дете со фудбалерот Лука Јовиќ.
Еден од најважните настани во животот на манекенката Софија Милошевиќ и фудбалерот Лука Јовиќ беше вчерашниот ден.
Софија пред точно две години во Мадрид го роди нивното прво заедничко дете, синот Алексеј.
Алексеј наполни две години, а гордата мама му посвети порака полна со љубов и емоции.
„Ниту еден збор не може да ја опише љубовта што ја чувствувам за тебе. Ти го преврте мојот свет наопаку и ме стави на тобоганот од емоции за кои никогаш не замислував дека постојат. Благослов е да те гледам како растеш, секоја мала промена и секое нешто што го учиш секој ден, ми го исполнува срцето на најубав начин. Кога ми се насмевнуваш се топам и никогаш не можев да ја разберам вистинската магија на децата додека не те добив тебе.Твојот брат и ти сте моето најголемо богатство. Среќен 2-ри роденден те сака бескрајно, мајка ти“, напиша Софија заедно со преслатки фотки од Алексеј, а под нејзината објава следеа бројни честитки.
По синот Алексеј, популарниот пар го доби и помладиот наследник Теодор, кој се роди во март годинава, а Лука Јовиќ од претходната врска со Анѓела Маниташевиќ го има и најстариот син Давид.
Како што неодамна изјави Софија, нема да има ништо против да има само две деца, додека фудбалерот би сакал да има четири.
извор:espreso.co