Се трудиме да го извлечеме масимумот од состојбата во која се најдовме: Маја Салиу, директорката на „Медицина“ за учењето од дома

Добивај вести на Viber

Оваа состојба која дојде сосема неочекувано и донекаде сите не фати неподготвени, особено образованието, е вистински предизвик за сите. Секоја образовна институција на свој начин се справува со овој проблем и на најразлични начини и преку најразлични алатки ја спроведува наставата

Како и сите останати училишта, така и Средното Медицинско Училиште на Град Скопје “Д-р Панче Караѓозов”. Од ова училиште излегуваат идните здравствени работници, на кои секој час, особено оној практичниот им е од особено значење. Поради ова, поразговаравме со Маја Салиу, директорката на училиштето, која детално ни посочи како тие се снаоѓаат во оваа ситуација, за која како што и самата потенцираше, се надева дека ќе заврши наскоро, за да може учениците се вратат во училишните клупи со цел да добијат поквалитетен образовен процес.

По кој принцип, односно на која платформа вашето училиште го спроведува онлајн учењето?

Согласно насоките од МОН за учење на далечина/учење од дома, наведени се повеќе платформи односно е-алатки кои можат да се користат за таа намена. Во нашето училиште доминираат платформи за видео-конференциска врска како најсоодветна замена за традиционалните часови (Zoom, Skype, Webex и сл.) Исто така, би ги издвоила Google Classroom и ClassDojo како најинтегрирани кои дозволуваат двонасочна комуникација помеѓу учениците, наставниците, а доколку е потребно и со родителите. Дополнително, тука се Viber, WhatsApp, Messenger – Facebook и добрата стара е-пошта, каде се прават групи за споделување наставни материјали и линкови и нормално се спроведуваат и дискусии. 


Целото интервју на ХАШТАГ.МК