Сѐ за сопругата: По повеќе од 10 години, Маријан Стојановски повторно го запеја својот најголем хит

Пред повеќе од 10 години „Подарок“, беше песната со која на сите ни започнуваа плејлистите за родендените. Маријан Стојаноски направи вистински бум со истата, а сите девојки во тоа време посакуваа да имаат момче како него, да им отпее песна за роденден.


Маријан, од минатата година, кога го кажа судбоносното „да“ на својата избраничка Наташа Каранџулоска и откако таа му ја подари ќерката Викторија, секојдневно има кому да му ја пее оваа песна. Но, истата е наменета за роденден, па така, пејачот на денот на роденденот на неговата сопруга запеа дел од овој хит, за кој слободно можеме да кажеме дека остана евергрин. 


Со интересна торта, специјална песна и најблиските, сопругата на Маријан го прослави роденденот.