Се жени поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ?! Ова е новата избраничка на Мустафа Сандал

Убава е

Поранешниот сопруг на пејачката Емина Јаховиќ, Мустафа Сандал го прослави 52-от роденден, а неговата сегашна девојка по тој повод објави видео со нивни заеднички фотографии, но и порака која многумина ги натера на размислување.

Мустафа е во среќна врска со две децении помладата Мелис Сутсуруп, успешна деловна жена, која на јавноста ѝ ја претстави дури ова лето.


На „Инстаграм Стори“ тој се пофали дека токму таа и неговиот постар син Јаман биле меѓу првите кои му го честитале роденденот.


 - Можеби некој имал автомобил пред мене, можеби некои девојки те чекале со мираз, можеби ти си крив... Но сето тоа нè подготви за ова денес, мој Кито. Јас сум секогаш со тебе, за да бидеш насмеан и спокоен. Среќен роденден, идно презиме – напиша Мелис со мозаик од заеднички фотографии.

По оваа нејзина порака, многумина се залепија на „идното презиме“, и сето тоа го протолкуваа како навестување дека венчавката е неизбежна.


Фото: Инстаграм - mustafasandal24/ Емина Јаховиќ /melisutsurup

Емина се смири со Мустафа: Имаат судски спор, но најважно е семејството