Емина се смири со Мустафа: Имаат судски спор, но најважно е семејството

Емина Јаховиќ се смири со поранешниот сопруг Мустафа Сандал и сега повторно се пријатели по неколкумесечните обвиненија на суд за алиментација

Поранешните сопружници Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал со месеци се на суд поради, како што тврдеше пејачката, неплатената алиментација. Иако тогаш се мислеше дека по разводот останале пријатели, Емина ја шокираше јавноста кога откри дека била принудена правдата да ја бара на суд.

И по низата обвинувања дека не видела пари за алиментација од својот поранешен богат сопруг, Емина Јаховиќ повторно е во комуникација и во добри односи со Мустафа Сандал.

- Јас и Мустафа сега имаме контакт како родители на две момчиња. Се трудиме да ги воспитаме и едуцираме на најдобар можен начин. Секој си има свој живот и никој никому не му се меша. Има еден спор кој треба да заврши, го оставивме на адвокатите. Веќе не зборуваме за тоа - истакна Емина.

Иако на многумина им се чинеше дека Емина е последната личност која може да има проблеми со самодовербата, пејачката за Story.hr признала дека разводот имал влијание врз нејзините осцилации.


Меѓутоа, кога ќе ја сумира годината зад себе, заклучува дека таа е многу задоволна жена.

- Пред сѐ, морам да кажам дека сум најзадоволната жена на светот бидејќи имам два сина, здрави сме, имам можност денеска да зборувам за сѐ што направивме во изминатите 365 дена. Мислам дека 2021 не беше лесна за никого, а последиците од глобалниот стрес што го имавме во 2020 и 2021 година ќе ги почувствуваме во наредниот период. Така велат учителот и мачителот, тоа дури подоцна ќе се одрази на нашето здравје и енергија. Добро беше што научивме повеќе да се свртиме кон семејството и вистинските вредности. Видовме што треба да се исфрли, а она што е добро остана - објасни Јаховиќ за „Супер ТВ“.

Кога станува збор за емотивниот живот, таа тврди дека не се смирила со милионерот Садетин Саран.

- Нема ништо од помирување. Мојот емотивен статус е статус кво. Моментално сум заљубена во музиката. Го напишав речиси најдобриот албум во мојот живот, најискрениот досега... Ги напишав најубавите песни. Брендот добро напредува, повеќе се фокусирав на работата. Мислам дека нешто ќе ми се случи во љубовта, не прашувам и не бркам. Сакам да бидам стабилна, сите околу мене да бидат стабилни, вклучително и љубовниот живот - изјави Јаховиќ. 

Извор: wanted.mondo.rs

Фото: Инстаграм