Секое сабајле патував од Штип за Скопје за да стигнам на настава во средното балетско училиште: Бојан Мицев
Талентираниот Бојан Мицев го запознавте во нашата рубрика „Симпатија на неделата“, а неговата интересна прикзна не инспирираше да му поставиме уште неколку прашања, за да може и вие да ја прочитате. За почетоците во танцот, љубовта, како и идолите, 17 годишниот Бојан ни раскажа многу работи, а истите веруваме дека за вас ќе бидат доволна испирација за да не се откажувате од вашите соништа.
# Од каде љубовта за танцот? Дали некој од твоето семејство ти ја пренесе?
Уште од мал сум имал осет за движење, ритам и музика, но никој од моето семејство не се занимава ниту со танц, ниту со музика. Не значи дека талентот секогаш се наследува од некој од семејството, тоа не е правило. Едноставно секој од нас се раѓа со нешто посебно во себе, кое во текот на животното патешествие е благослов да си го пронајде и негува секако. Всушност многу е лесно, треба само да се повикаме на внатрешниот глас, тој секогаш е најискрен со нас и ќе ни го даде вистинскиот одговор, а колку сакаме да го слушаме, зависи од нас самите.
Целото интервју на Хаштаг.мк