Селекторот Благоја Милевски ја поддржа хуманитарната акција на Женски магазин – донираше пари, јакни, топки и дресови на семејството Спасовски

Хуман гест на селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски. По објавата на нашата приказна за Ице Спасовски, кој живее во трошна куќа во Куманово, без вода и струја и сам се грижи за двете деца, Милевски реши да ја поддржи хуманитарната акција и да го посети семејството.

Ице Спасовски вели дека радоста од средбата со селекторот била двојна.

-Многу се израдувавме што дојде лично да не посети. Милевски покажа декаима големо срце. Ни донираше пари, рече дека тоа се негови хонорари од настаните каде што присуствувал, јакни, дресови, топки. Додека разговаравме сфатив дека е многу срдечна личност и добар човек. Јас сум голем љубител на фудбалот. Муабетевме за нашите репрезентативци и натпреварите што ги очекуваат. Затоа радоста од средбата со него беше двојна – ни изјави Ице Спасовски, кој уште еднаш се заблагодари а помошта која ја добил, по објавувањето на неговата животна приказна.


(С.А.Н) .