Селма Хајек вели дека актерите треба да заработуваат помалку

Добивај вести на Viber

Мексиканско-американската филмска ѕвезда, Селма Хајек, која воедно е и гласен активист против сексуалното вознемирување во филмската индустрија, излезе со контроверзна изјава. 

Таа вели дека машките актери треба да бидат помалку платени.

„Актерите мораат да кажат – во ред е, времето истече, беше забавно, но време е да бидеме малку великодушни и кон актерките. Сите мораме да бидеме дел од прилагодувањето. Тоа е една идеја. Знам дека ќе ме мразат после ова и се надевам дека ќе добијам некоја работа после целото ова“- изјави актерката.

Прашањето за еднаквост помеѓу актерките и актерите е една од главните теми на филмскиот фестивал во Кан.