Семејната идила на Андреа Бочели собрана на една фотка: Со години се зборува дека таа е раздор во неговото семејство, оваа слика дава конечен одговор

Познатиот оперски пејач Андреа Бочели пред три дена одржа спектакуларен концерт во Белград. Човекот со магичниот глас пред да пристигне во Белград најде време и да ужива во Италија со семејството, од каде пристигнаа фотографиите кои доволно зборуваат за неговиот приватен живот.

На фотографијата славниот Андреа Бочели го гледаме во друштво на сопругата Вероника (прва десно), нивната ќерка која на сликата е покрај нејзиниот татко, синот Матео од првиот брак и пријател. Оваа слика, како и многу, многу други од приватниот живот на светската музичка ѕвезда, блеска од среќа и топлина. Токму поради ваквите фотографии приказната за неговиот развод и почетокот на врската со сегашната сопруга добива поинакво значење.

„Сите беа таму и тоа беше навистина прекрасен момент. Тоа беше најбрзиот почеток на врската бидејќи се зближивме истата вечер“, ја опишал Бочели првата средба со Вероника, на која и пеел посебна арија.

Foto:Profimedia


Славниот пар се запозна на забава во 2002 година. Тој тогаш имал 44 години, а таа 18.

Без разлика дали е оправдана или не, често се коментира за разликата во годините меѓу партнерите. И Бочели имаше што да каже за тоа. 

„Има голема разлика меѓу моите родители. Покрај тоа, јас сум многу религиозен, а разликата во годините е нешто што често го среќаваме во библиските бракови“, гласи неговата изјава, која често се цитира.

Врската помеѓу пејачот и Вероника, која веќе работеше како негов менаџер, привлече внимание и поради фактот што во 2002 година, кога ја запозна својата нова љубов, се разведе од својата прва сопруга Енрике Кензати (53), со која се ожени во 1992. Токму затоа многумина сметаат дека причината за тој развод била токму новата врска во животот на познатиот пејач.

Вероника и Бочели се венчаа во 2014 година, а две години претходно ја добија ќерката Вирџинија, чие раѓање го прославија со заедничка изведба на песната „Qualche Stupido“.

Свадбата на славниот пар беше во црквата „Мадона ди Монтеноро“ во Тоскана, на вториот роденден на нивната наследничка.

Вирџинија е првото заедничко дете на Вероника и Андреа Бочели, кои ги имаат синовите Амос (27) и Матео (25) од првиот брак. И двајцата се многу талентирани за музика. Постариот син е пијанист и неколку пати настапувал со својот татко во различни ТВ емисии, додека помалиот снимил дует со својот татко, мега популарната песна „Fall on me“.

Синот на Андреа Бочели Матео Бочели настапи пред два дена во Италија, а на Инстаграм објави фотографија со својот пријател Стјепан Хаусер.


Славниот Бочели и Вероника го чекаат второто дете: Уживаат во љубовта која почна кога тој имаше 44, а таа 18 години

26 години се разлика, неговото слепилото никогаш не ѝ претставуваше проблем: Љубовната приказна на Андреа Бочели и неговата Вероника