26 години се разлика, неговото слепилото никогаш не ѝ претставуваше проблем: Љубовната приказна на Андреа Бочели и неговата Вероника

Андреа Бочели е во среќен брак со Вероника Берти, која е 26 години помлада од него, а парот всушност тврди дека е среќен поради таа голема разлика.

И покрај тоа што Андреа Бочели - светски познатиот оперски пејач, се родил делумно слеп, односно на 5 месеци му бил дијагностициран вроден глауком и станал целосно слеп на 12 години, тоа за неговата Вероника никогаш не претставувало пречка.

Познатиот италијански тенор Андреа Бочели е „актер“ во една од најубавите љубовни приказни на денешницата, бидејќи неговото срце го освои убавата Италијанка, Вероника Берти, која е дури 26 години помлада од него.

Андреа (62) и Вероника (36) се запознале на забава во 2002 година кога имала само 18 години. Нивната љубов започнала како во филмска приказна, откако тој ѝ испеал арија истата вечер кога ја запознал, тоа ја освоило.


„Сите беа таму и навистина беше прекрасен момент. Тоа беше најбрзиот почеток на врска затоа што таа вечер се зближивме", се сеќава Бочели кога се сретнал со неговата сопруга.

Двојката никогаш не се замараше со големата разлика во годините, а Андреа објасни колку големите разлики во годините се всушност традиција во неговото семејство и нешто што се подразбира.

„Исто така, има голема разлика во годините помеѓу моите родители. Покрај тоа, јас сум многу религиозен, а разликата во возраста е нешто што често го среќаваме во библиските бракови", рече оперскиот пејач. Тој додаде дека музиката најмногу ги поврзува него и неговата сопруга Вероника.

фото:profimedia

Андреа во тоа време кога ја запознал, бил оженет со неговата поранешна сопруга Енрика Сензати, со која има два сина, но се разведе од неа наскоро откако ја запозна Вероника.

Во 2012 година, после 10 години, Вероника ја роди нивната ќерка Вирџинија, а парот го одбележа овој убав настан со заедничка изведба на прекрасната љубовна композиција „Qualche Stupido“.


Две години подоцна, Андреа ја однесе Вероника пред олтарот и на 21 март 2014 година се венчаа на церемонија во Тоскана.

Андреа Бочели досега многупати докажа дека неговото слепило не го спречува да биде одличен татко, кој ги исполнува желбите на својата најмала ќерка. Неодамна тој објави слика со ќеркичка Вирџинија Бочели, на која двајцата возат ролерки. 

Денес, тие живеат среќно во Италија..

извор:stil.kurir.rs