(ФОТО) Слепилото не го спречи да ја исполни желбата на ќеркичката: Андреа Бочели на ролерки
И покрај тоа што Андреа Бочели - светски познатиот оперски пејач, се родил делумно слеп, односно на 5 месеци му бил дијагностициран вроден глауком и станал целосно слеп на 12 години, по фудбалска несреќа, тој научил да одгледува животни, да јава коњи и да прави вино заедно со својот брат.
Во една прилика Андреа Бочели објави слика со осумгодишната ќеркичка Вирџинија Бочели, на која двајцата возат ролерки. И уште еднаш докажа дека неговото слепило не го спречува да биде одличен татко, кој ги исполнува желбите на својата најмала ќерка.
Исто така Андреа се уште јава и коњи.
За Андреа, коњите се духовна врска со неговата младост.
„Коњите влегоа во мојот живот на голем начин кога бев дете. За мене коњите претставуваат сила, елеганција и убавина“ - изјави тој во една прилика.
Инаку, за време на раните години на Андреа, неговите родители бесконечно барале лек за неговото слепило. А неговата љубовна врска со операта цветала додека тој поминувал немирни ноќи во болничките кревети.
Се смирувал кога го притискал увото кон ѕидот, за од соседната соба да слуша класична музика.
На 12-годишна возраст, родителите на Андреа го испратиле во институт за слепи, каде што спиел во студентска соба со 64 други деца.
Децата играле фудбал со топка чиј звук можеле да го наслушнат при доаѓањето, Андреа бил одличен голман, но еден ден тој погрешно го пресметал доаѓањето на топката, која го удрила по главата, предизвикувајќи хеморагија што го заслепи целосно.
Тој никогаш не дозволи фактот дека не можеше да ја сопре таа топка, да го запре да ги продолжи своите студии за музика.
Ја запознал својата прва сопруга Енрика, една ноќ додека пеел. Тие се венчале во 1992 година, кога Андреа имал 36 години, и имаат два сина, Амос и Матео.
До 2000 година, Андреа Бочели беше меѓународно име на сцената, но неговиот брак со Енрика не го преживеа притисокот. Двојката се раздели во 2002 година.
Тој се запозна со неговата сегашна сопруга, Вероника Берти, на забава неколку месеци подоцна. Вероника имала 18 години, а Андреа 43 години. Но, Андреа вели дека тоа било љубов на прв поглед.
Нивната ќерка, Вирџинија, се роди десет години подоцна. Тие се венчаа на нејзиниот втор роденден.