,

SENSUM ТРЕНИНГ И КОУЧИНГ

Добивај вести на Viber

СЕНСУМ е платформа која нуди широк спектар на тренинг програми и коучинг програми за Ваш личен и професионален развој. Дизајнирани да направат моќни лични трансформации на учесниците во повлијателни комуникатори, продавачи, преговарачи, да креираат самоуверени и ефикасни лидери и менаџери. Тренинзите се внимателно дизајнирани, со вградена НЛП (невро лингвистичко програмирање) методологија, збогатени со моќни техники, а се со цел максимално зголемување на нивната ефикасност и импакт врз учесниците. Понудата на тренинг програмите е комбинирана со коучинг пристапот како најмоќна методологија за покренување на интерните процеси и ресурси и подобрување на перформансите на клиентот.   Зошто? Затоа што веруваме дека можеме да Ви помогнеме кон самостојно изнаоѓање оптимални решенија кои се комплементарни со индивидуални желби, потреби и цели. Начинот на размислување е основата на се што учиме, без оглед дали се стремите кон подобрување на вашиот бизнис или вашиот живот.  Нашиот фокус не е само кон проширување на вашите знаења, туку и кон промена на  на вашите потсвесни верувања и вредности кои имаат исклучително влијание на користењето на тоа знаење. Внимателно дизајниравме понуда која е збогатена со лиценцирани програми во соработка со стратешкиот партнер Атриа Гроуп СЕЕ Белград кој е регионален застапник на програмите на Ериксон колеџ од Канада и НЛП Центар. Коучинг програмите на Ериксон колеџ инкорпорираат врвно знаење од областа на коучингот и развојот на човечките ресурси кои се акредитирани согласно “Златниот стандард” пропишан од страна на ICF (International Coaching Federation). Програмите на Ериксон Колеџ во рамки на тридецениското постоење се посетени од над 40.000 индивидуи на глобално ниво. НЛП Центар, дел од Атриа Груп, претставува еден од најголемите НЛП тренинг центри во регионот. Невролингвистичко програмирање (НЛП) претставува врвна методологија која има моќ да направи посакувани трансформации на индивидуално ниво. Десетгодишнo искуство, и двојна престижната награда на European Business Awards е јасна валидација за квалитетот на тренинг програмите и нивниот севкупен импакт врз индивидуалците и бизнисите. Првите НЛП тренинзи на тема "НЛП Комуникација" во Скопје се планирани на пролет (пријавувањето е во тек, точниот датум на реализирање на тренингот ќе биде објавен наскоро преку веб порталот на Сенсум (www.sensum.mk). Тренингот "НЛП Комуникација" ви ги донесува основните концепти на науката за НЛП како и одговорите на прашањата што го прави НЛП-то уметност и наука за успехот. Доколку пак се стремите кон стекнување на врвното знаење за коучингот и негово имплементирање во Вашата деловна пракса или секојдневие, Сенсум Ве поканува да се пријавите за следните настани организирани од страна на нашиот стратешки партнер Атриа:   Коучинг конференција I 21 Март 2018, Белград традиционален регионален настан кој редовно собира повеќе од 150 коучеви и експерти за човечки ресурси и претставува единствена прилика за споделување нови знаења и искуства, како и запознавање со трендовите во светот на коучингот. Тимски коучинг за високи перформанси (High Performance Team Coaching) I 18 до 20 Март 2018, Белград - тридневен програм кој претставува уникатна можност да навлезете во тајните на коучинг процесот заедно со наеминентните експерти во областа под директно водство на госпоѓата Мерилин Аткинсон (Marilyn Atkinson). Уметност и наука на коучингот –  премиум програма која се изведува во рамки на четири модули во вкупно траење од шеснаесет дена и претставува своевиден “Златен стандард” во коучинг сферата за што гарантира врвната акредитација од страна на ICF (International Coach Federation). За повеќе информации, начинот на плаќање и резервации за овие настани прочитајте на http://sensum.mk/partnerski-ponudi/ Сенсум е отворена едукативна платформа базиранa на принципите на отвореност и соработка во чии рамки сопствени тренинг програми ќе можат да понудат тренери и експерти од различни домени дополнително збогатувајќи ја понудата која СЕНСУМ ќе ја понуди на македонската бизнис сцена.   Ве покануваме да не посетите во нашите простории каде во пријатен амбиент создаваме нови искуства потребни за да ја направиме посакуваната промена. За сите тековни информации и отворени тренинзи и коучинг програми може да се информирате и на нашиот веб сајт www.sensum.mk. За регистрација на секој нов корисник (до 22.05.2018) следи подарок ваучер од 1000 денари кој ќе можете да го искористите за било кој “In house” тренинг или коучинг програм кој ќе се реализира до крајот на годината.   Деловниот простор на Сенсум се наоѓа на улица Прашка 56/1-2 во населба Тафталиџе (близу гимназијата Нова). Дополнителни информации можете да ги добиете и на телефон 02/3099 919 или на info@sensum.mk и zorica.popovska@sensum.mk . АКТИВИРАЈТЕ ја извонредноста која е веќе во вас, а ние ќе Ви помогнеме на тој пат!   *Комерцијален текст