Сестрата на Бритни Спирс: Таа зеде нож од кујната, ме вовлече во собата и нè заклучи двете - доби брутален одговор од пејачката

Добивај вести на Viber

Медиумската сага на семејството Спирс продолжува, а познатата пејачка Бритни (41) овој пат реши да се пресмета со својата помлада сестра Џејми Лин (30), пренесува „Page Six“.

Бритни Спирс во средата на Инстаграм ја прозва Џејми Лин Спирс, а изгледа дека поп ѕвездата се‘ уште е лута поради нејзиното интервју кое го дала на само 12 години.

Познатата пејачка повторно ја објави објавата која веќе ја сподели, но набрзо ја избриша, а во неа наведе дека требало да ги „ошамари“ и Џејми Лин и нивната мајка Лин Спирс. Овој пат, сепак, Бритни додаде проширена и уште позапалива верзија на објавата.


„Себично мало детиште!!!“, ѝ напиша Бритни на својата сестра и доде: „Колку беше чудно и глупаво што купив куќа за мајка ми!! Беше толку горда на мене, а ти кажа на девојката со која правеше интервју дека тоа е едноставно чудно...“

Бритни се осврна на делот од интервјуто во кој Џејми Лин раскажа како пејачката ѝ понудила на мајка им да и купи куќа доколку се разведе од нивниот татко, озлогласениот Џејми Спирс.

Џејми Лин очигледно имплицираше дека се чувствува збунето, велејќи му на водителот на подкаст Алекс Купер дека тоа е навистина чудна понуда која во текот на растењето повторно ја шокирала.

„Ќе ти дадам куќа ако се разведеш од тато. Зошто детето твое да ти го каже тоа?", се прашуваше тогаш Џејми Лин.


За време на вториот дел од интервјуто, Џејми Лин му кажала на Купер дека се исплашила кога нејзината голема сестра наводно еднаш грабнала нож и ги заклучила двете во спалната соба.

„Беше навистина страшно и се чувствував многу несигурно“, изјави Џејми Лин за наводниот инцидент и продолжи: „Мислам дека е важно да го кажам тоа затоа што во тоа време не го разбирав - бев дете“.

Таа подоцна ја нарече својата сестра „брилијантна млада жена“ која „сигурно страдала цело тоа време“.


Гневната повеќекратна добитничка на Греми ги коментираше наводите на нејзината помлада сестра: „Ј *****, Џејми Лин! Како можеше да им откриеш на новинарите дека се чувствуваш несигурно и чудно со мене. Многу ме повреди“.

Бритни се осврна и на делот од интервјуто во кој нејзината сестра тврди дека нивната мајка ја тепала со чанта.


Пејачката овој пат застана во одбрана на својата мајка Лин, тврдејќи дека Џејми Лин ја „мрази“ и дека „заслужила многу повеќе“ од удари со чанта.

Поп-ѕвездата го заврши своето последно издание потсетувајќи се на времето кога се чувствуваше изневерена од нејзината помлада сестра, набргу по раскинувањето со пејачот Џастин Тимберлејк во 2002 година.

Бритни тврдеше дека тогаш Џејми Лин ја бојадисала косата во бојата на нејзината тогашна ривалка Кристина Агилера и дека повеќе не сакала да поминува време со неа.

„Ти ме исклучи од твојот живот кога ми требаше најмногу!!“, напиша Бритни и додаде: „Во својата книга напиша дека повеќе не сум ти како мајка... Ме повреди!“.


Фото: Твитер и Инстаграм

Фото насловна:  Инстаграм/Бритни Спирс/ Џејми Лин Спирс