Северина и Игор заедно!? Пејачката објави невнимателно селфи кое открива премногу

Со месеци се шпекулираше за односнот помеѓу пејачката Северина Којиќ и нејзиниот сопруг Игор Којиќ. Пејачката не се огласи за ова, ниту нејзиниот сопруг. Како и да е, она што ги заинтригира нивните следбеници е дека тие не биле видени заедно долго време, барем не на социјалните мрежи, а исто така немале никакви заеднички објави или фотографии.

И додека Северина е во Хрватска, Игор е во Србија.

Сепак, Северина ги изненади фановите со последното стори на Инстаграм. Имено, пејачката објави селфи на кое одразот зад неа покажува дека нешто како куфер стои покрај неа.

Севе се чини дека е на пат, свежа и нашминкана, а во описот на фотографијата напиша:

- Животот е чудо - додавајќи го хаштагот, сакам што се сакаме (#volimstosevolimo).


Дали пејачката отишла да го види својот сопруг и што уште сакала да каже со оваа објава, останува непознато.


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Северина откри како живеела порано: Го чекав автобусот до сиромашната населба, немаш ни за билет