Северина насред хаосот поради интервјуто на Милан „сервираше“ топлес фотка

Северина на својот профил на Инстаграм објави фотографија од патувањето на Малдиви

Во изминатиот период пејачката Северина Вучковиќ одлучи почесто во јавноста да зборува за конфликтот со српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, со кого е во судски спор поврзан со старателството над нивниот син Александар.


По вчерашното телевизиско интервју со Милан Поповиќ, во кое тој даде шокантни тврдења, сите ја чекаа реакцијата на Северина, која не изостана, но сега таа одлучи да го сврти вниманието од скандалот на нешто сосема друго.

Имено, Северина на својот профил на Инстаграм објави фотографија од патувањето на Малдиви.

Иако патувањето беше пред неколку месеци, таа оваа фотографија за прв пат ја покажа во јавноста.

Пејачката на фотографијата е свртена со грб кон камерата, додека сината боја на морето и погледот во далечина е пред неа, но тоа не е детаљ што сите го гледаат.


Северина носи летни панталони, додека горе не носи ништо.

Топлес фотографијата предизвика многу коментари, а пејачката доби безброј комплименти.


Да потсетиме, Поповиќ вчера истакна дека верува дека Северина не е грижлива мајка, па дури и се заблагодари на нејзиниот поранешен сопруг Игор Којиќ, кој, според него, повеќе се грижел за нивниот син отколку Северина.

Северина денеска утрото објави извадок од интервјуто на Милан и го нарече чудовиште, но набрзо ја тргна објавата и ја замени со прекрасна сцена од Малдивите.