Северина сама си ги објавува фотографиите, ангажирав психијатар за синот
Медиумите повторно се преплавени со голи фотографии на Северина Којиќ, и додека тимот на пејачката тврди дека „нејзиниот поранешен партнер е одговорен за сè", мислејќи на Милан Поповиќ, бизнисменот вели дека Севе сама ги пратила таквите фотографии до медиумите. Тој е шокиран од експлицитните фотографии, и забележува дека е загрижен за неговиот син кој тргна во прво одделение. Поради тоа, тој ангажирал психолог за детето.
- Се плашам дека поради овие фотографии другите деца може да го исмеваат нашиот син. Внимателно ја следам целата ситуација, но ангажирав и психолог да работи со Александар, ако се процени опасноста за најновииот испад на неговата мајка- вели Милан.
Тој тврди дека овие фотографии се направени по нивната разделба и дека немаат никаква врска со него.
- Мене никогаш не ми праќала такви фотки. Мислам дека е многу глупаво некој кој веќе имал такво искуство, повторно да прави такви слики. Не навлегувам во тоа кој ги објавил или од каде протекоа, но не е сериозно некој да прави такви фотки, особено сега, кога е родител - вели Милан Поповиќ и додава дека сигурно ќе направел се тие фотографии да не излезат во јавност доколку можел.