Животна училница // Приказни
Сезоната во која сте родени зборува многу за вас: „Зимските луѓе“ се емотивно најстабилни, а другите?
- 26 Октомври, 2021
Неодамнешните студии
поддржуваат докази дека месецот или сезоната на раѓање влијае на личноста и
здравјето
Дури и ако не верувате во астрологија, една неодамнешна студија презентирана на Европскиот колеџ за невропсихофармакологија ја потврдува врската помеѓу сезоната, раѓањето и личноста благодарение на даден биолошки часовник и количината на дневна светлина при раѓањето.
Родени во пролет
Родените во пролет имаат т.н хипертимичен темперамент, што ги прави попозитивни од луѓето родени во другите сезони.
Затоа пролетните бебиња често покажуваат оптимизам, лесно го изразуваат својот ентузијазам и не им треба многу за да се интересираат за некоја идеја. Тие не се премногу склони кон депресија и често имаат одреден уметнички талент.