Шанк од 70 илјади евра, најскапиот микрофон милион денари во Национална филхармонија

Добивај вести на Viber

Министерството за култура му го пренесе правото на трајно користење на опремата и инвентарот во надлежност на Националната филхармонија - Скопје, а во списокот на евиденција кој го погледна „Фактор“ може да се види колку чини поединечно се' што е набавено своевремено пред отворањето на објектот во 2017 кој чинеше помеѓу 30 и 40 милиони евра. 

За 108-те плакари во кои 109 музичари можат да ја чуваат својата гардероба и инструмент чинат 25,37 милиони денари, или 233 илјади еден. Полиците каде што се чуваат нотите вкупно чинат 14 милиони денари, а ги има 22. Еден статив за транспорт на инструментите чини 121 илјада, а сите три заедно 365 илјади денари. За двете подвижни оркестарски платформи платено е осум милиони денари. Фолио и комоди за чување ноти ги има десет во записникот, а платени за нив биле 2,3 милиони денари.

Купените четири ЛЦД-монитори се по цена од 324 илјади денари, а 12-те сетови од предаватели и приемници на дигитално видео чинеле по 133,3 илјади денари еден. Најскапиот микрофон е милион денари, а ги има два такви меѓу многуте други.

Целиот текст го имате на ФАКТОР.МК