„Шепотот на Данте“ се читаше синоќа во МКЦ

Добивај вести на Viber

Елизабета Баковска и Калина Малеска во Клуб ресторанот МКЦ, синоќа ја промовираа најновата книга „Шепотот на Данте“ на писателката Силвија Митевска. 

Во пријатна атмосфера, пријателите на писателката имаа прилика први да ја добијат нејзината најнова книга. Ова е втора збирка на авторката, која во 2015 година ја објави „Додека Данте спие“ и постигна голем успех кај читателската публика.

Збирката раскази е издадена во соработка со издавачката куќа „Или-или“, а е поддржана од Министерството за култура.

„Шепотот на Данте“ содржи девет раскази, кои третираат теми од секојдневието на обичните луѓе. Најчесто главните ликови се жени што трагаат по вистинските вредности и прават смели избори“ открива авторката Силвија Митевска.

Интересно е да се напомне дека двете збирки раскази се насловени по Данте, првороденото синче на писателката, кој е нејзината главна инспирација

В.Ч