Шербеџија: Не можев да зборувам на погребот, ама ќе пеам за Милена Дравиќ
Сите песни кои ќе ги испеее на концертот во Белград на 26 декември во Сава центарот, Раде Шербеџија ќе и ги посвети на својата драга пријателка, неодамна починатата Милена Дравиќ. Шербеџија, со години наназад традиционално одржува предновогодишни концерти во Белград.
Беа големи пријатели.- Раде Шербеџија и Драган Николиќ
„Ме повикаа да зборувам нешто на погребот на Милена. Ги одбив, не можев ништо да кажам. Затоа, сите стихови на концертот ќе бидат за неа“, изјавил Шербеџија за „Новости“. Негов голем другар беше сопругот на Милена, покојниот Драган Николиќ, и секогаш заедно се шегуваа на своја сметка.
„За мене сешто се зборува. Зборуваат дека сакам да се напијам. А да знаете што се зборува за Драган Николиќ? Бетер е , не сакате да ви кажам“, и раскажа Шербеџија на шега на скопската публика на еден од конерите во Универзалната сала во Скопје.