Шест години се заедно: Ова е момчето на „Ураганката“ Ксенија Кнежевиќ (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Заедно се со години, а Ксенија еднаш изјави дека мисли дека ќе се омажи за него.

Ксенија Кнежевиќ, заедно со нејзините колешки од групата „Хјурикејн“, е во центарот на вниманието скоро две години. Трите неодамна го освоија високото 15-то место на овогодинешната Евровизија, а истовремено и нивниот приватен живот привлекува големо внимание.

И додека љубовниот живот на Сања и Ивана е внимателно следен, како и нивните нови љубови и раскинувања, ситуацијата на Ксенија е многу постабилна.

Ќерката на славниот пејач Ненад Кнежевиќ Кнез привлекува воздишки каде и да се појави, но се чини дека го пронашла својот идеален маж одамна.

Таа е во врска од 2015 година со момче за чиј идентитет не сака да зборува, но неколку пати истакна дека е среќна во љубовта. Нејзиното момче се вика Никола Тодоровиќ, и тој воопшто не сака да се експонира. Нивната љубовна приказна трае веќе шест години, но тие се познаваат подолго време:

- Го познавам цел живот. Прво се дружевме, а потоа се роди љубов меѓу нас. Ние сме заедно пет години и мислам дека тој ќе биде оној со кого ќе се омажам. Не планирам брак или деца во блиска иднина, затоа што сме млади. И двајцата сме фокусирани на кариерата, но кога ќе дојде време за тоа, ќе се омажам, нема да бегам од тоа - рече таа во една прилика.

извор: GLOSSY
фото:instagram/fb

(ФОТО) Како изгледа поранешната сопруга на пејачот Кнез и мајка на неговите ќерки
(ФОТО Ќерката на Кнез без грам шминка: Ксенија е природна убавица