Шлагери со Тамара и Тијана за Денот на независноста

Добивај вести на Viber

Со домашни шлагери и со електронска музика ќе се слави Денот на независноста на Република Македонија - 8 Септември.

Концертот на отворено, ќе се одржи пред Владата од 19 часот. По диџеј сетот на Огнен Узуновски - Оги, ќе настапат поп-ѕвездите, сестрите Тијана Дапчевиќ и Тамара Тодевска. 

Тамара и Тијана од 19,30 часот ќе ги пеат најубавите македонски шлагери, придружувани од  оркестарот на Македонската филхармонија. 

Оркестарот на Македонската филхармонија, под диригентската палка на маестро Емин Џијан, ќе настапи со изведба на музиката на еден од најдобрите светски диџеи, Хуан Аткинс.-од концертот на Илинден во Охрид 

Во 20,30 часот ќе се случи уште една необична фузија од класична и електронска музика. Оркестарот на Македонската филхармонија, под диригентската палка на маестро Емин Џијан, ќе настапи со изведба на музиката на еден од најдобрите светски диџеи, Хуан Аткинс (САД), а оркестрирана од Емин Џијан. Се уште се памети магичниот настап на ова креативно дуо со Македонската филхармонија годинава во Охрид, во Античкиот театар. За крај на музичката програма ќе настапи диџејот Феки Фарис.