Што да јадете за Велигденските пости: Рецепт за посни мафини со маслинки

Добивај вести на Viber

Фото: Youtube/screenshoot-Posna Kuhinja

За подготовка на овие посни и вкусни мафини се потребни следниве намирници:

- половина чаша бело брашно

-1 ипол чаша пченично брашно

-1 ипол чаша минерална вода

- половина чаша маслиново масло

-1 прашок за пециво

-1 лажичка сол

- маслинки (околку една шака)

-1 лажичка мелено ленено семе

- 1 лажица сусам

- лупени семки од тиква


Начин на подготовка:

Во сад ги мешаме белото и пченичното брашно, меленото ленено семе и сусамот, солта и прашокот за пециво. Откако ќе ја промешате смесата со сувите состојки додајте ги маслинките (може да ги изблендирате или насечете на ситни коцки или кругчиња), додадете ги и минералната вода и маслиновото масло, промешајте убаво да се соедини целата смеса. Потоа во калап за мафини ставете хартиени кошници и распределете ја смесата. Одозгора ставете неколку семки од тиква. Загрејте ја претходно рерната и печете ги мафините околу 15 минути на 220 степени.

*ПР објава