Што ги излудува хороскопските знаци?

Добивај вести на Viber

Животот е полн со комплицирани ситуации и понекогаш е многу тешко да се соочиме со нив. Секој хороскопски знак го доживува нервниот стен поради различни работи и секој знак различно реагира.

ОВЕН
Овните најмногу ги нервира чекањето. Нив најголем кошмар им е тоа што треба да бидат трпеливи и да чекаат во ред, на телефон или во која било друга ситуација. Во ваквите ситуации едноставно полудуваат.

БИК
Преселувањето е најстресното нешто за бикот. Најпрво, пакување и преместување од едно место на друго стресно е за сите, но за бикот, заљубен во својата стабилност, хаосот од преселбата изгледа како вистински хорор филм.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците се згрозуваат од строг распоред. Тие имаат слободен дух, па не сакаат да се придржуваат до цврсти правила, а многу мразат рокови и рутина. Ваквите нешта кај нив предизвикуваат напад на паника.

РАК
Раковите ги полудува раскинување. Иако секому му е тешко при прекин на врска, раковите едноставно не можат да се соочат со тоа. За нив губењето на партнерот е како губење на самиот себеси. А тоа секако е многу болно.

ЛАВ
Лавовите се лутат кога нешто не е по нивно. Силен и полн со самодоверба, лавот може да издржи речиси сè освен тоа нешто да не е како што тој сака. А бидејќи е темпераментен, неговите изливи на бес може да бидат драматични.

ДЕВИЦА
Најмногу ги излудува неред. Неуредни цимери, хаотично семејство и недоволно одржување  хигиена ги излудува девиците.

ВАГА
Вагата се ужаснува од конфликти. Други може да се расправаат, но ако вагата е вплетката во расправијата, се чувствува како цел свет да е против неа. Тие збегнуваат конфликти по секоја цена.

ШКОРПИЈА
Шкорпиите најмногу се вознемируваат поради неверство. Иако на секому му е тешко ако партнерот го изневери, за шкорпијата, која е опседната со интимноста, неверството е најлош облик на предавство. Ако партнерот ги изневери, тие стануваат бесни и опседнати со тоа, до таа мера што може и години да им се потребни за да се соземат.

СТРЕЛЕЦ
Стрелците ги излудува статичност и постојаност. Тие сакаат авантура, нови искуства, нови идеи. Кога чувствуваат дека стагнираат во  која било област во животот- работа, врска, се чувствуваат заробено и полудуваат поради тоа.

ЈАРЕЦ
Јарецот најмногу се вознемирува ако го отпуштат од работа. Кога ја цените финансиската сигурност и работата, отпуштањето може да ве потресе од корен. За среќа, јарците имаат 6 резервни планови, но, сепак, ги боли.

ВОДОЛИЈА
Најмногу ги нервира неправедноста. Многумина од нас научиле дека животот не е фер, но водолиите одбиваат да го прифатат тој факт. Кој било вид неправда ги доведува до лудило.

РИБИ
Мразат брзање. Сакаат да се движат во свое темпо и да работат во брзина што сами ќе си ја одредат. Со брзо темпо тешко се снаоѓаат. Брзањето, особено во донесување важни одлуки ги полудува.