Риби
Најдобар период за љубовни авантури и романтика е од 19 мај до 14 јуни, кога Венера ќе патува низ вашиот сектор на страста.
Не сте во врска? Младата месечина на 13 јуни, кога ќе настапи и делумно затемнување на сонцето, прогнозира нови љубовни почетоци.
Во периодите од 7 август до 9 септември и од 16 ноември до 2 декември, Венера ќе се движи директно низ вага, вашиот сектор на интимноста и интензивните емоции. Сензуално ќе заведувате и ќе имате моќ да освоите секого. Доколку сте во врска, ова се периоди кога може вашата врска да еволуира во брак.
Младата месечина на 13 јули ќе настапи заедно со делумно затемнување на сонцето во вашиот сектор на плодноста. Големи се шансите да се израдувате на бременост.