Што ќе дознаеме и што ќе бидете прашувани на пописот кој започнува утре?

Од утре по пауза од 19 години стартува националниот попис на населението, а прашалниците како акти од Заводот за статистика се донесени уште во февруари. Меѓу најстандардните прашања се оние за број на деца, брачната состојба и дали живеете во вонбрачна заедница, етничката припадност, вероисповест и мајчиниот јазик. Од попишувачот ќе бидете прашани и каде сте се родиле и каде сте живееле претходно пред да дојдете на постојната адреса.

Ќе следува и прашање за какво државјанство поседувате и дали вашето домаќинство живее во земјата или поголемото време во странство. Доколку некое лице од вашето домаќинство е отсутно за време на прашалникот, ќе треба да одговорите зошто не е тука и каде се наоѓа во моментот, односно дали е во странство и колку време и зошто се наоѓа таму. Ќе бидете прашувани и за зградата, станот и за вашата улога во заедницата со која живеете.

Повеќе за Пописот на населението прочитајте на Фактор.мк