Што не сте знаеле за турската „Мајка“ – Вахиде Перчин?

Џенет или турската актерка Вахиде Перчин која ја гледаме во серијата „Мајка“ на Dizi е доста успешна актерка. Нејзиниот талент го има наследено дури и нејзината ќерка.

Вахиде Перчин е родена во 1965 година во Измир, откако нејзините родители мигрирале од Грција. Нејзиниот татко бил возач на камион додека нејзината мајка домаќинка. За своето детство вели дека и покрај секојдневните проблеми и животот во друга земја, нејзините родители и овозможиле безгрижно детство.

Вахиде отсекогаш сакала да биде актерка, но мислела дека нема да може да се занимава со глума поради тоа што била доста срамежлива. Затоа студирала графика во средно училиште и економија во време на универзитетските денови. Сепак, таа одлучила да ги следи своите соништа на Држевниот конзерваториум на Универзитетот Ејлул, каде што со помош на нејзиниот професор Оздемир Нутку, успеала да ги положи сите 9 испити на Театарската школа. Професорот Нутку бил нејзина најголема поддршка за време на студиите, особено кога сакала да го напушти школувањето поради финансиски тешкотии.

За време на студиите таа и се омажила за Алтан Гордум и по дипломирањето заедно се преселиле во Анкара. Вахиде Перчин стана добро позната за јавноста со нејзината улога во популарната турска драма „Истанбулска бајка“ од 2003-та година (Bir Istanbul Masali).

Семејството Гордум подоцна се преселило во Истанбул, каде што во претстојните години Вахиде освојува многубројни награди за својата работа, меѓу кои и „Златна кугла“ за најдобра актерка во 2007-та, „Златен портокал“ на 47-от Интернационален Филмски Фестивал во Анталија.

Нејзината најпозната улога несомнено е улогата на Хурем Султан, откако таа се придружи на актерската екипа на серијата „Величествениот“ во 2013-та по заминувањето на Мерием Узерли.

Во овој момент на малите екрани во нашата држава, Вахиде се појавува во улогата на Џенет во серијата „Мајка“.

Џенет живее во Мардин, град кој се наоѓа во југоисточниот дел на Турција, каде што уште како млада девојка таа е принудена да се омажи. Како втора сопруга во семејството, Џенет ги извршува сите домашни работи и страда од суровоста на првата сопруга Ханим.

Џенет ги има своите три ќерки Зумрут, Кираз и Ѓунес. Нивниот живот станува многу потежок секој ден во општество каде мажите доминираат, а жените немаат глас.

Најстарата ќерка на Џенет, Зумрут, успева да го положи националниот универзитетски испит и да добие доволно просек за да влезе на Правниот факултет во Истанбул. Меѓутоа, татко и не ја пушта да оди во Истанбул. Наместо тоа, тој сака нејзината ќерка да се омажи за сопственик на земјиште како втора сопруга за да му ги исплати долговите.

Џенет не сака нејзината ќерка да ја има истата судбина како неа. Таа знае дека да се биде втора сопруга е како доживотна затворска казна. Таа е решена да ја спаси Зумрут од договорениот брак, да ги заштити своите ќерки и да им даде пристоен живот. Така, таа и нејзините ќерки оставаат сè зад себе и тајно одат во Истанбул за да ги следат своите соништа во големиот град.

„Мајка“ се емитува секој работен ден од 21:20 на каналот Dizi. 


*пр објава