Што се случува со телото ако ги замениме сите пијалоци со вода

Сите знаеме за штетата предизвикана од пијалоците кои повеќето од нас ги конзумираат секој ден.
Што се случува ако целосно ги замениме овие пијалоци со вода?

Ќе изгубиме телесна тежина: Ако пиеме вода 10 дена по ред, ќе ослабнеме брзо затоа што ќе согоруваме толку многу калории, како да трчаме 8 километри секој ден.

Го засилуваме метаболизмот и протокот на енергија: Само една чаша вода наутро на празен желудник, го забрзува метаболизмот за 24%.


Мозокот работи подобро: Околу 75-85% од човечкиот мозок е вода. Со пиење само вода секој ден, не само што даваме гориво на мозокот, туку и ја подобруваме нашата концентрација.

Јадеме помалку: Водата го потиснува апетитот, помагајќи ни да одржуваме добра форма и да се бориме против вишокот килограми.

Ги прочистува токсините: Водата ги „чисти“ екскреторните и дигестивните системи, што ни помага да се ослободиме од голема количина отрови акумулирани во организмот.

Се бори со разни болести: Водата го регулира крвниот притисок, се грижи за добрата состојба на мочниот меур, спречува појава на карцином на дебелото црево.

Срцето работи подобро: Четири чаши вода на ден го намалуваат ризикот од срцев удар за дури 41%.

Кожата ќе ни биде помлада: Водата ја хидратира кожата одвнатре, што ја прави почиста, помека, помлада…

Ќе заштедиме пари: Водата е многу поевтина од сите други пијалоци што ги консумираме секој ден.