ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕМЕ ЗА ДЕЛТАКРОН: Прележаните со омикрон можат да имаат „суперимунитет“, смета српска докторка
Долго време се сметаше дека поблага форма на ковид 19 доведува до помалку антитела по инфекцијата која во ваков случај трае пократко, но сојот омикрон покажа дека по него се создава многу добар и многу стабилен имунитет, вели директорот на српскиот Институт за примена на нуклеарна енергија (ИНЕП), д-р Марија Гњатовиќ.
Таа за РТС изјави дека спроведената студија покажала дека вакцинацијата во комбинација со инфекција со сојот омикрон на коронавирус дава суперимунитет. Студијата била спроведена од јануари и одговорот на антителата бил проверен кај 500 испитаници.
„Во студијата имавме испитаници кои никогаш претходно не биле изложени на вирусот, но добија многу добар одговор на антителата и многу стабилен по омикрон“, вели Гњатовиќ. Повеќе на Фактор.мк
Фото: фреепик