Швајни поради Ана спремен да оди дури и бос! Светскиот познат пар „фатен“ во несекојдневна ситуација (ФОТО)

Двојката се држеше за раце и лежерно одеше по улицата

Се чини дека светски познатите фаци се повеќе страдаат од чудни облици на однесување, а како што стојат работите веќе не се трудат тоа да го сокријат. Не можеме да ја објасниме ситуацијата во која спортистите и сопружниците Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер беа фатени поинаку на улица во студен и мрачен ден, пренесува српскиот магазин Ало.

Ана и Швајни на прв поглед опуштено шетаа во зимската гардероба, а се ќе беше во ред доколку фудбалерот на фотографиите не беше бос. Уште почудно е што носеше розови чевли со високи потпетици во рацете додека познатата тенисерка имаше патики на нозете. Босите стапала на Бастијан кој одеше по студениот тротоар имаа добра причина да замрзнат. За време на прошетката Швајни застанал, ја запрел Ана, клекнал и ѝ ги соблекол чевлите на високи потпетици. Тој ги соблекол патиките и ѝ помогнал да ги облече. Продолжил да оди бос, а во стил на вистински џентлмен и ги носел чевлите.

Profimedia


Она што на прв поглед може да се заклучи, со оглед на тоа што Ана продолжила да се шета во патиките на сопругот, е дека парот носи ист број на чевли. Добро е што фудбалерот не ги облече нејзините штикли, бидејќи тогаш оваа сцена би била навистина комична.

Profimedia

Шегата на страна, трпението на фотографот кој внимателно следел што се случува го дал одговорот на оваа многу необична ситуација, бидејќи Ивановиќ и Швајнштајгер дошле до камерата која во еден момент го снимила сето ова. Како што се дознава, станува збор за сет за снимање на рекламна кампања во која главни заштитни лица се тенисерката и фудбалерот.

Не можеме да кажеме дека бевме воодушевени од ова сознание бидејќи сакавме да веруваме дека љубовта на Швајни кон Ана е толку голема што оди бос и без хонорар поради неа, иако не на трње, секако тоа навистина би било премногу.



Ана: Среќно сум заљубена!

Откако пред шест години го кажа судбоносното „да“ на шармантниот Германец, Ана во интервју за магазинот „Бунте“ изјави дека првата реченица која Бастијан ја научил да ја каже на германски е „Не, благодарам, среќно сум заљубена“.

- Тоа се случи по нашата прва средба, во Минхен. Тој рече дека ако некој ми се обрати на германски, треба да ја кажам само оваа реченица. Тоа е толку смешно и типично за Бастијан - изјави тогаш Ана.


Насловно фото: Printscreen/Tviter