„Синови на македонски функционери добија повеќе пари отколку јас за сите мои филмови“: Милчо Манчевски распали во своето видео обраќање

Во своето видео обраќање, познатиот македонски режисер Милчо Манчевски даде свое видување за многу нешта, меѓу кои и за состојбите во македонското општество, одговорајќи на поканата да присуствува на меѓународната конференција Скопски економски и финансиски форум на Министерството за финансии на Македонија.

- Сите мои филмови добија помалку пари од македонската влада отколку синовите на македонски режисери, на шефови на полицијата, на поранешни портпароли на владата... вели Манчевски

Во своето видео обраќање го пренесува своето патешествие да дојде до некаква поддршка од македонската држава за неговите филмови кои постигнаа огромен меѓународен успех.

Тој неговото видео обраќање го наслови како „Непотизам и економија“, а зборува за неговите патешествиа како да добие финансии за неговите филмови „Пред дождот“ (7% учество од македонскиот филмски фонд) и „Прашина“ (5%). Тоа се многу помалку пари од она што го добиваа синовите на, на пример познат македонски режисер или синот на поранешен шеф на полицијата или синот на поранешен владин портпарол, вели Манчевски во своето видео обраќање.

Видеото е снимено специјално за меѓународната конференција „Скопски економски и финансиски форум - СЕФФ“.